За разлика од основното и средното образование, високото образование бележи зголемување на бројот на студенти. Уписите се во тек, додека според челниците на Универзитетите бројот на заинтересирани во однос на лани е поголем. Меѓу насоките, најголем интерес има за компјутерските науки и медицината.
„На ниво на Универзитетот имаме пораст од 2,6 отсто во однос на лани и пред две години. Така и оваа година има пораст од претходната година. 24-25 август резултира со рез од 405 апликанти. Очекуваме повеќе од 1050 или 1100. Што се однесува до тоа кои факултети се најбарани, без сомнение предничат информатичките науки, потоа факултетот за технички науки, следуваат бизнис, економија и правниот и факултетот за здравствени науки. Околу 800 се додипломци, 200 магистратура и 44 докторатура“, рече Абдилменаф Беџети, ректор на УЈИЕ.
Слично е и на Универзитетот во Тетово.
„Додека зборуваме, бројката достигна некаде над 1.200 пријавени, што е охрабрувачка бројка за администрацијата и професорите. Нормално до крајот, бројката ќе се зголемува, додека имаме и втор и трет уписен рок. Врз основа на конкурсот, имаме 4752 слободни места за нови студенти на 13 факултети на УТ и на над 100 студиски програми од прв циклус, магистерски и докторски студии“, рече Јусуф Зенели- Ректор на УТ.
Во академската година 2024/25 на Универзитетот во Тетово се предвидени 4.752 слободни места за студенти, додека на Универзитетот на Југоисточна Европа 1.200.