Хуан Полкан е младо момче кое покажа дека упорноста навистина на крајот се исплаќа.
Младиот човек имал само една цел – да се фотографира и да добие автограм од Лионел Меси, па дошол пред неговата куќа и го чекал тој момент 10 часа.
Во еден момент семејството на Меси сакало да ја алармира полицијата поради сомнителен дечко кој цело време стоел пред куќата, но тогаш Антонела излегла и по краток разговор ја разрешила мистеријата.
„Пристигнав таму во осум часот наутро во Париз и ми требаа 45 минути да ја најдам куќата на Меси. Почнав да чекам во девет кога видов дека отишол на тренинг. Кога се врати околу 13 часот, не можев да се доближам до него, но бев сигурен дека ме виде. Околу 15:30 часот Антонела излезе, го спушти прозорецот од автомобилот, разговараше со нас и кажа дека ќе ги носи децата на училиште. Три часа подоцна таа се појави, но не ми даде шанса да се сретнам“, вели Полкан кој полека почнал да губи надеж за средба со својот идол.
„Тоа беше неверојатен момент. Му кажав на Меси дека го сакам, направивме неколку фотографии. Ми стави потпис на дресот на клубот за кој играм, ме прегрна и ми се потпиша на раката. Соништата се остваруваат, а јас го исполнив мојот најголем. Скромноста со која ме прими, е неверојатна. Тој е најдобар во историјата на фудбалот, но пред се сте неверојатна личност. Како и Антонела, која направи се за да ме пречека во својот дом, да ми го исполни сонот. Ги пишувам овие редови со емоции и солзи во очите, уште се тресам. Те сакам Лео, ти благодарам за овој незаборавен момент“, напиша Полкан на социјалните мрежи.