Управниот суд до вечерва (петок) на полноќ треба да одлучува по тужбите на Европскиот фронт во врска со одлуките на ДИК. Судот попладнето соопшти дека одбил уште две тужби на Европскиот фронт, имајќи предвид дека денеска отфрли и друга тужба како неоснована.
Попладнеto беше одлучено тужбата на Европскиот фронт против одлуката на Државната изборна комисија за изборни нерегуларности на избирачкото место 1202 во Крушево да биде отфрлена како неоснована. Со ова, доколку ова избирачко место влијае на изборниот резултат, се очекува ова избирачко место да оди на прегласување заедно со избирачкото место 1194 во Крушево.
Судот на вчерашната седница одлучи дека тужбата на Европскиот фронт против одлуката на ДИК за изборни нерегуларности во избирачкото место 1470 во Долнен, се смета за неоснована. Како и во двете избирачки места во Крушево, така и во избирачкото место 1470 во Долнен, на 22 мај се очекува прегласување.