Комичарот од Белград, Далибор Голубовиќ се здоби со популарност на социјалните мрежи откако сними неколку клипови во кои го имитира претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На Фејсбук, Тикток и Инстаграм профилите на „Дневната доза на претседателот“ деновиве објави видео на кое ја одглуми посетата на Вучиќ кај познатиот турски готвач Нусрет Гокче. Далибор во ова видео ги имитираше и Вучиќ и Нусрет, а видеото кое насмеа многумина е прегледано речиси 5.000 пати.
„Супер ги глуми двата лика”, ,,Секоја чест“, „Капа ти симнувам“, „Продолжи, каков крал си“, „Ист е како Вучиќ“ – напишаа некои, а неколку други лица застанаа во одбрана на претседателот на Србија.
„Остави го човекот на мира! Никогаш нема да имаме подобар претседател“, „Каква будала, се потсмева, нека се погледне во огледало, нека оди во друга држава да се исмејува со претседателот и да види како ќе помине“, „Што е тука смешно? Магаре! Да живее нашиот претседател и никој ништо не му може ништo! Тоа што тој го направи за Србија никој досега не го направил“ – пишуваат луѓето во одбрана на Претседателот.
„Сето ова се случи случајно. На шега велам дека една вечер заборавив да ги земам лековите и се разбудив како Александар Вучиќ. Всушност, ќерка ми реши да направи клип како го емитирам Вучиќ, а луѓето ми велеа дека личам на него. Го објавивме и им се допадна на луѓето и продолжив да снимам“, изјави неодамна Голубовиќ за Nova.rs.