Урош Блажиќ е осуден на 20 години затвор за убиство на девет лица во близина на Младеновац

Апелациониот суд во Белград го осуди Урош Блажиќ на 20 години затвор за убиство на девет и повредување на 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Младеновац во Србија.

Судот, исто така, го осуди неговиот татко на 20 години затвор за нелегално производство, носење и трговија со оружје и експлозивни материи и за сериозно кривично дело против јавната безбедност.

Второстепениот суд ги отфрли како неосновани жалбите на адвокатите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда на Вишиот суд во Смедерево.

Ве потсетуваме дека Урош Блажиќ со автоматска пушка уби девет и рани 12 млади луѓе.

Тоа беше едно од најтешките злосторства во 21 век на српска почва, а се случи само еден ден откако момче по име Коста Кецмановиќ уби девет ученици во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Судењето на Блажиќ започна во мај 2024 година.

Урош Блажиќ во времето на извршување на кривичното дело сè уште немал 21 година, па затоа бил малолетник и според одредбите од Кривичниот законик, не можел да биде осуден на доживотен затвор, туку на максимум 20 години.