Пратениците, во продолжението на 60-тата седница, со 84 гласа „за“, го одобрија Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие 250 евра за електронски уреди.
Во рамките на 60-тата седница, пратениците ги усвоија следните закони – Законот за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, тутунски производи и слични производи и Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски технолошки развојни зони.
Пратениците, како дел од продолжението на 62-та седница, го одобрија и Законот за иновативна дејност, научен и технолошки развој и претприемништво.
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, информираше дека седницата по преостанатата точка за испраќање припадници на Армијата во мисијата УНИФИЛ ќе биде закажана дополнително.