Кога се родил, лекарите кажале дека можеби никогаш нема да зборува
“An Irisg Goodbye” доби Оскар за најдобар краток игран филм, а ѕвездата на филмот Џејмс Мартин (Џејмс) по снимањето се врати на својата работа во кафулето.
Тој веќе некое време работи во Старбакс во Белфаст и покрај тоа што доживеа успех како актер, не ја смени работата. Освен во Старбакс, Мартин работи и како готвач во италијански ресторан.
Тој објасни дека одлучил да остане на својата стара работа затоа што „убаво е да се остане приземјен и да им се помага на клиентите“ и затоа што таа работа ја работи долго време.
Инаку, Џејмс е роден со Даунов синдром, а неговиот татко Иван Мартин по наградата откри дека лекарите му рекле дека можеби никогаш нема да проговори.
- Но, еве сме. Џејмс не само што зборува, туку од кога почна, не престанува – изјави неговиот татко за Би-Би-Си.