Уставниот суд го отфрла барањето на судиите за враќање на коефициентот за повисоки плати

Уставниот суд го одби барањето на судиите и членовите на судството за враќање на коефициентите според кои им се пресметуваат платите.

Судот на денешната седница одлучи да не поведе иницијатива, бидејќи неодамна одобрениот закон со пониски коефициенти не ги скрати платите. Напротив, повторно пораснаа и во моментов имаат највисоки приходи во земјава.

Од Уставниот суд велат дека судиите продолжуваат да земаат плата сразмерна на нивниот статус, улога и висина и дека нивната материјална состојба и безбедност не се загрозени како што се тврди во иницијативата, бидејќи се меѓу групата на јавни службеници кои земаат највисоки плати во земјата.

Лани со одлука на Уставниот суд судиите добија зголемување од 78 отсто по укинувањето на членовите од двата закони според кои им се пресметува платата. Така, наместо основицата, платите на судиите почнаа да се пресметуваат според просечната бруто плата помножена со коефициентот кој сега се движи од 2,4 до 3,4. Со решение функционерите и судиите добија покачување за околу 70 илјади денари.