Уставниот суд го укина Законот за данок на солидарност

Уставниот суд денеска ја донесе конечната одлука за предметот со кој се оспорува Законот за даночен солидарност. Претседателот на Судот Дарко Костадиновски информира дека на денешната седница со мнозинство гласови Уставниот суд одлучил да го поништи законот.

Костадиновски рече дека Уставниот суд кога оценува дали ќе укине или поништи закон, секогаш поаѓа од неколку критериуми, од кои еден е тежината на уставната повреда сторена со одреден закон.

„Такви се правните последици, кога ќе укинеме закон, се укинуваат правните последици што ги создал, како никогаш да не постоеле“, рече Костадиновски на прес-конференција.

Секој што смета дека му се повредени правата со овој закон, има право да бара поништување на решенијата на надлежниот орган со кој му се повредени правата, во рок од пет години од објавувањето на решението во Службен весник.

Солидарниот данок е воведен како вонреден, еднократен јавен данок за 2023 година.