ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека утре, од 09:00 часот, без вода ќе останат корисниците на Криви Дол, Момин Поток, дел од улицата „Скупи“, потегот од булеварот „8 Септември“ до булевар „Илинден“ и сите околни стопански објекти.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач (шибер) ф400мм на булеварот „8 Септември“ раскрсница со Скупи.
Корисниците ќе бидат без вода од 09:00 часот до завршување на дефектот.