Утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од општините Центар и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08.30 до 12.00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Драговити“ бр. 1, 3, 5, 7 ,9 и 11, како и корисниците од ул. „Панајот Гиновски“ бр. 3 и 5. во општина Ѓорче Петров.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09.00 до 12.00 часот ќе имаат дел од корисниците од ул. „Ленинова“, од ул. „Никола Тримпаре“ лоцирани на потегот од Грчката амбасада до Евангелистичката црква, потоа дел од корисниците од ул. „Борка Талески“ лоцирани спроти грчката амбасада, како и дел од корисниците од ул. Дебарца лоцирани на потегот од евангелистичката црква до ул. „Ленинова“ во општина Центар.
Во периодот од 12.00 до 14.00 часот, пак, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Жеденска“ бр. 2, 4, 6, 8 и 10 во општина Ѓорче Петров