– УХМР најавува дека утре, под влијание на циклонска активност, ќе има врнежи од дожд кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат обилни, над 30 литри на метар квадратен. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег.
Врнежи ќе има и во вторник претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање снежна покривка.
Според УХМР, утре и особено во вторник, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, а во среда се уште ќе има услови претежно на планините да провејува слаб снег.