Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од осум до 18 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.