Утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие, ЈСП Скопје во текот на утрешниот ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј, ќе сообраќаат по праничен распоред, соопштија од претпријатието.

– Ве информираме дека утре, петок (24.05.2024 год.), поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Јован Деспотовски МУ РАСКИНА НА ДУИ: „Веќе не можеме да зборуваме за СДСМ и ДУИ заедно“
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу – посочија од ЈСП.