Утрово воздушен напад врз Киев

Пожари се предизвикани во две киевски области од остатоци од ракети кои паднале при воздушен напад, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм соопшти дека еден од пожарите избувнал во гаражи во областа Дарница во главниот град. Според него, нема повредени.

Шефот на воената администрација на Киев, Сергиј Попко, исто така, на Телеграм објави дека пожар избувнал и во ненаселена област во источната периферија на градот. Тој, исто така, не даде детали за евентуални жртви.

Попко изјави дека главниот град бил нападнат со крстосувачки ракети и оти сите биле соборени од противвоздушната одбрана.

Украинската армија, исто така, информира за напад со крстосувачки проектил во Виничката област во централна Украина, а локалните медиуми наведуваат дека имало експлозии и во областа Хмелницки, околу 100 километри западно од Виничката област.