УХМР: Дневната температура во недела над просекот за овој период од годината

На повеќе места во земјава в недела дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во  понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и умерен до засилен ветер од северозападен правец, а од вторник повторно следува стабилно и потопло време.

Сончево и топло со мала, a во југозападните делови умерена облачност, ќе биде и во текот на утрешниот ден.

-Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Во Скопје утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.