Утрово имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија. Ученичка од осмо одделение донела огнено оружје (во училиштето) од кое пукала неколку пати, потврдија оперативните служби.
„Според првичните информации, една ученичка внела огнено оружје во училиштето и испукала неколку истрели, при што се повредени пет лица. Потоа девојката се самоубила“, соопштија од регионалното МВР. Се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.
Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба. „Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница“, соопштија од градската болница во Брјанск.
Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот.
На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата потоа е избришана.