Ученичка избодела друго девојче со нож и тешко ја повредила на училиште во Германија.
Инцидентот се случил во четвртокот наутро во училиште во Кукшавен, пренесува Билд.
Од полицијата потврдија дека имало напад и дека ученикот бил пренесен во болница. Нејзиниот живот не е во опасност.
Нападот се случил во училницата пред нејзините соученици а засега не се знае дали во тој момент била присутна и наставничката.
Според медиумите, на нападот му претходела тепачка меѓу девојките, но не е јасно зошто.