По секс скандалот во основното училиште „Вук Караџиќ“ во Сурдулица, за српски Курир (Kurir.rs) проговори Драгана Нешиќ, директорката на ова училиште.
Да потсетиме, според неофицијални информации, српската полицијата денес била во ова училиште, а децата меѓу себе ја споделувале експлицитната снимка од орален секс на ученици од шесто одделение, за која постои сомневање дека е направена во една од училниците на училиштето.
„Училиштето ги презема сите мерки согласно ЗОСОВ и Правилникот за протокол на однесување во установата како одговор на насилство, злоупотреба и запоставување. Заради понатамошна истрага нема да даваме повеќе информации“, изјавила Драгана Нешиќ за Kurir.rs, директорката на основното училиште „Вук Караџиќ“.
Како што неофицијално објавија соседните медиуми, инцидентот бил пријавен во полиција во Сурдулица, а на снимката наводно имало две момчиња и едно девојче сите на 14-годишна возраст.
„Полицијата ги презема сите мерки во нејзина надлежност и во консултација со Вишото јавно обвинителство во Врање“, изјавил извор од полицијата за српските медиуми.