Татко чие дете учи во основно училиште „Владислав Рибникар“ раскажал за соседните медиуми како се чувствувал кога дознал што се случува.
Претходниот ден околу 8 часот наутро во Белград имаше крваво пукање кое го шокираше целиот регион. Момче (13 г.) му го одзел пиштолот на татко му и пукал во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и го убил чуварот и осум соученици.
Страшната вест за овој невиден масакар ја вознемири Србија, а особено сите родители чии деца одат во тоа училиште. Еден татко ја опиша својата агонија на социјалната мрежа Твитер.
„Моето дете оди во ‘Владислав Рибникар‘. Го вклучувам телефонот, и има што да видам. Се упатувам кон училиштето и добивам порака од наставничката дека ги однела децата во паркот кај Мањеж. Пристигнувам во паркот, момчињата играат фудбал. Се преправам дека се е нормално, додека стомакот ми се грче. Наставничката ја задржала присебноста и им рекла дека тоа е пракса“, напишал таткото на социјалната мрежа Твитер.
„Наставничката е херој за мене. На пат кон паркот, видов многу амбулантни возила и полиција. Децата и родителите наоколу плачат. Не можам да го опишам чувството. Мислев дека ова никогаш нема да се случи овде. Дури сега, кога детето е дома, добивам тотален страв и апсолутна тага“, додал тој во објавата.