Откако стана претседател, Бајден беше фотографиран неколку пати како се сопнува или се тетерави.
Американскиот претседател Џозеф Бајден е снимен со камера додека се симнувал по скалите на самитот во Хирошима, а на снимката се гледа дека тој за малку ќе паднел.
Како што можете да видите на видеото, Бајден бил сконцентриран додека се симнувал по скалите, но во еден момент се тетеравил, но на крајот успеал да остане на нозе и не се повредил.
На почетокот на оваа година, тој падна додека се качуваше по скалите до Air Force One кога требаше да ја напушти Европа, за време на посетата на Украина и Полска.
Минатата година тој падна од велосипед додека разговараше со новинари, а многу противници на Бајден го користат фактот дека има 80 години како адут и спорат дали е способен да ја води државата.
Самитот на лидерите на Г7 во Хирошима почна денеска и ќе трае до недела.