УШТЕ ЕДЕН ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ ПРЕД БАНКРОТ – Имаат уште неколку денови пред тотален колапс

Sono Motors, германскиот производител на автомобили, отпушта работници и е на работ на банкрот, пишува магазинот Fenix. Оваа компанија со седиште во Минхен, во мај годинава поднесе барање за стечај.

Но, не успеале да најдат инвеститор и им останале само уште неколку дена да избегнат банкрот. Мали се шансите според германските медиуми и најверојатно ќе ги раскинат договорите на преостанатите вработени.

Според германските медиуми, откажувањата најверојатно ќе стапат на сила на почетокот на 2024 година. Компанијата првично беше специјализирана за производство на електрични автомобили кои се полнат преку вградени соларни ќелии.

Со оваа иновативна технологија, моделот на возило „Sono Sion“ требаше да се истакне како лидер во однос на климатските промени на автомобилскиот пазар. Sono Motors доби околу 44.000 преднарачки за планираниот автомобил.

Новиот автомобил требаше да се појави на пазарот следната година по набавна цена од 30.000 евра. Интересот за соларниот автомобил беше голем, а некои клиенти веќе платија целосно или дел од цената за автомобилот пред моделот да биде официјално достапен. Многумина моментално залудно го чекаат ветениот автомобил и сега мораат да се грижат дали ќе си ги вратат парите поради најавениот банкрот.

автомобилска индустријабанкротГерманијаекономија