УШТЕ ЕДЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА: Од утрово регистриран 4-ти земјотрес

По серијата земјотреси, поточно три земјотреси кои утрово се случија во Србија, регистриран е уште еден.

Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил во Мајданпек, со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран околу 10 часот.

Земјотресот се случил на длабочина од 7 километри.

Апаратите на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија рано утринава регистрираа три земјотреси.

Првиот земјотрес е регистриран во Крагуевац околу 5 часот утринава и бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Потоа, еден час подоцна, во Нови Пазар е регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Последниот земјотрес утринава е регистриран утринава во осум часот во Куршумлија и е послаб од претходните два што го тресеа теренот во Србија. Евидентиран е земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала.