Уште еден лидер му постави ултиматум на Путин: „Има време до вечерва, сега е момент „или-или““

Европските земји ѝ дадоа рок на Русија до вечерва да одговори на предлогот за примирје од 30 дена, а доколку тоа не се случи – ќе следат нови санкции, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Фигаро.

„Денес ќе разговарам со Володимир Зеленски и моите европски колеги. Рамката е поставена, сè е јасно“, рече Макрон коментирајќи го ултиматумот до Москва, кој Германија прва го потврди денес.

Тој потсети дека украинскиот претседател безусловно се согласил на 30-дневен прекин на огнот по американскиот предлог и дека на 11 мај повторно изразил подготвеност да одржи директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул. Како што додаде Макрон, ова е втората голема отстапка што Зеленски ја направи за кратко време.

„Сега сите мора да бидеме разумни. Или Русија, или г-дин Путин, се сериозни и сакаат мир – или не, и ние мора да воведеме нови санкции“, рече францускиот претседател.