Уште еден разорен земјотрес го погоди Мјанмар (фото)

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди 
Мјанмар во саботата. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 19,6482 и географска должина 96,1062.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета или повредени а надлежните органи ја следат состојбата.

Над 1.000 загинати по вчерашниот земјотрес

За потсетување, бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар во петокот надмина 1.002, додека повеќе од 2.376 лица се повредени, соопшти војската на земјата.

Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките операции се во тек, јави Ксинхуа.

Земјотресот го погоди Мјанмар во петокот околу 12:50 часот по локално време, а епицентарот се наоѓа на околу 16 километри од Мандалај, вториот по големина град во земјата.