Грчката полиција уапсила засега неименуван државјанин на соседна Србија кој превезувал поголем број мигранти на територијата на Грција, јавува грчкиот веб-портал Rthess.gr.
42-годишен Србин е уапсен претходниот ден (15.08) попладне за нелегален превоз на странци.
Во рамките на систематските полициски проверки, полицијата го лоцирала на наплатната рампа Аспровалта на автопатот што води низ Грција, Игнација Одос, и презела акција. Во контролата што ја извршиле, идентификувани се шест нерегуларни странци од Сирија, без патни исправи.