УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ДРЖАВА СЕ ВОРУЖУВА – Доаѓаат засилувања од САД, на повидок хаос !?

Испораката на американските повеќенаменски борбени авиони F-16 на воздухопловните сили на Словачка официјално започна како дел од пакетот во кој Братислава нарача 12 едноседи и два двоседи по цена од 1,8 милијарди долари во 2018 година.

Според веб-порталот Balkan Security Network, на фотографиите кои претходно ги објави производителот на авиони, американската компанија Lockheed Martin, може да се види летот и слетување на двосед со регистарски број 1101 и ознаки на словачкото воздухопловство.

Засега, два авиони со броевите 1101 и 1001 и се официјално предадени на Словачка, а пристигнувањето на авионите во домашната воздухопловна база во „Слиаќ“ се очекува кон средината на годинава.

Испораката ќе продолжи во текот на наредната година, а покрај Словачка, авиони F-16 на источното крило на НАТО користат и Полска и Романија, додека во првиот квартал од 2025 година првиот авион од овој тип треба да го добие и Бугарија. Во првата половина на 2023 година, Словачка и предаде на Украина 13 авиони MiG-29, а оттогаш словачкиот воздушен простор го чуваат воздухопловните сили на Полска и Чешка.

Вооружените сили на Словачка планираа да обучат 22 пилоти за новите авиони, а првиот од нив замина на обука во САД во 2019 година, во воздухопловната база „Морис“ во државата Аризона.

Словачките медиуми во октомври 2021 година пишуваа дека во тоа време во САД биле на обука 16 пилоти, а бидејќи се потребни две до четири години за преквалификација на пилотите, може да се заклучи дека подготвени и обучени пилоти чекаат испорака на авионот во Словачка. .

Авионите F-16 се најбројните воени авиони произведени во САД во земјите членки на НАТО кои се уште се користат. Верзијата Block 70 е најмодерна и има најсовремен радар и напредни системи за таргетирање цели во воздух, копно и вода при сите временски услови.

Во моментов во 25 земји во светот летаат 3.100 авиони F-16, а во процес на преговори, производство и испорака се 143 авиони, од кои 135 се веќе договорени, додека договорот за осум авиони наменети за Бугарија се уште не е беше формализиран.

авионЕвропаНАТОоружјеСловачка