УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ГО ЗАБРАНИ ТИК ТОК – Властите тврдат дека социјалната мрежа им штети на семејните вредности и создава насилство

Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на социјалната мрежа Тик Ток (Tik Tok) во земјата бидејќи, според нив, ја нарушува социјалната хармонија и ги нарушува семејните структури и вредности.

Како што пренесува Economist, овој потег уследи откако Владата на Непал им нареди на компаниите кои управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата.

Непалските власти велат дека Тик Ток содржи содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и дека тоа доведува до конфликти во реалниот живот кои бараат распоредување на полициските сили и воведување полициски час, пишува New York Times.

Bytdance, кинеската матична компанија на Тик Ток, не го коментираше случајот, но претходно таквите забрани ги нарече – „погрешни“.

Социјалната мрежа Тик Ток е забранета во Индија од 2020 година, а апликацијата, исто така, предизвика загриженост во САД, ЕУ и Канада за наводно споделување чувствителни кориснички податоци со кинеската Влада.

НепалТик Ток