Тајландскиот Сенат со големо мнозинство гласаше за законот за брачна еднаквост.
Така, Тајланд стана првата земја во Југоисточна Азија која усвои ваков закон.
За усвојување на законот во Сенатот гласаа 130 од 152 членови. Четворица беа против, а 18 воздржани.
Предлог-законот сега треба официјално да биде одобрен од кралот Маха Ваџиралонгкорн.
Ги гарантира сите правни, финансиски и здравствени права на брачните партнери од кој било пол, а зборовите мажи, жени, маж и жена се менуваат во поединци и брачни партнери.
Во цела Азија, само Тајван и Непал досега дозволуваа истополови бракови .
Тајланд има репутација на прифаќање и инклузивност, но борбата за донесување на овој закон трае со децении.
Тајландското општество е главно конзервативно, а членовите на ЛГБТ заедницата велат дека се соочуваат со дискриминација во секојдневниот живот.