Британската авто-компанија за луксузни автомобили Rolls Royce денес потврди дека ќе отпушти меѓу 2.000 и 2.500 работници ширум светот, што е пет отсто од вкупно 42.000 вработени.
Според официјалното соопштение, отпуштањата се во согласност со целите за воведување поедноставна, полинеарна организација во следната фаза од повеќегодишната трансформација на компанијата, што ќе и овозможи на компанијата да го елиминира „дуплирањето“ на работната сила и да ја подобри економска ефикасност, како и работниот процес во обезбедувањето на синџирот на снабдување и управувањето.
„Нашиот бизнис е полн со посветени, талентирани луѓе и верувам дека овие промени ќе им овозможат да изградат поголема способност во области кои се клучни за долгорочен успех“, изјавил извршниот директор Туфан Ергинбилгик, пренесуваат британските медиуми.