Уште едно познато име се споменува во правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Уште едно познато име се споменува во правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Правната битка меѓу американската актерка Блејк Лајвли и Џастин Балдони доби нов пресврт, бидејќи во целата ситуација сега е вмешано уште едно познато име. Откако пејачката Тејлор Свифт стана дел од оваа правна драма, сега се споменува и актерот Хју Џекмен.

Конфликтот помеѓу Блејк и Џастин трае веќе неколку месеци, а тужбите кои ги поднеле еден против друг само дополнително ја искомплицирале ситуацијата.

Блејк Лајвли го тужеше Џастин Балдони за сексуално вознемирување, создавање непријателска средина на снимањето и обвинувања за организирање кампања со цел да се оцрни нејзината репутација. Џастин, сепак, возврати со тужба и во неа го спомна сопругот на Блејк, Рајан Рејнолдс, што предизвика дополнителна тензија. Покрај тоа, името на Тејлор Свифт беше споменато во неговата тужба, што значително ја оддалечи пејачката од нејзиниот поранешен близок пријател Блејк.

Според новите информации, во овој случај може да биде повикан да сведочи актерот Хју Џекман. Адвокатскиот тим на Балдони го истражува однесувањето на Рајан Рејнолдс за време на снимањето на „It Ends With Us“, а Џекмен би можел да има клучна улога во разјаснувањето на тие тврдења.

Џекмен и Рејнолдс се долгогодишни пријатели, а двајцата глумеа во филмот „Deadpool & Wolverine“. Постои можност Џекмен да биде повикан на сослушување пред судењето за да помогне да се разјасни ситуацијата.

Извор близок до ситуацијата изјавил дека изјавата на Џекмен може да биде пресудна бидејќи тој често бил во друштво со Блејк и Рајан за време на снимањето на филмот „It Ends With Us“. Џекмен, исто така, помогна во промовирањето на филмот, а изворот верува дека веројатно бил свесен за негативните разговори што се водат за Балдони.

Исто така, се тврди дека Џекмен учествувал во вкрстена промоција на филмот заедно со Тејлор Свифт, што сугерира дека сите тие биле поврзани во тоа време.

Адвокатот Брајан Фридман, кој го застапува Балдони, неодамна се појави во „The Megyn Kelly Show“ и тврдеше дека Балдони бил исмејуван во филмот „Deadpool & Wolverine“ преку ликот на Nicepool. Овој лик ја носеше истата фризура што ја носеше Балдони во минатото, а во дијалогот на Ниспул се споменуваше социјален активизам, што, според адвокатот, е јасна референца за Балдони.

Фридман истакна дека шегите што Рајан Рејнолдс ги правел во „Deadpool & Wolverine“ всушност го исмевале Балдони, што сериозно ги поткопува тврдењата на Блејк за сексуално вознемирување. Според него, доколку Блејк била сексуално вознемирувана, не би било соодветно нејзиниот сопруг да се исмева со Балдони.

Исто така, изворот спомнал дека на сослушување би можела да биде повикана и Тејлор Свифт, која била блиска пријателка со Блејк Лајвли, но неодамна се оградиле. Сите овие нови околности може дополнително да ја искомплицираат правната битка која трае веќе неколку месеци.