По освојувањето на третата МВП титула во кариерата, кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ доби уште едно големо индивидуално признание.
Српскиот ас влезе во петорката на НБА лигата!
Покрај Јокиќ, идеалната петорка ја сочинуваат Лука Дончиќ (Далас), Јанис Антетокунмпо (Милвоки), Шаи Гилгес Александар (Оклахома) и Џејсон Тејтум (Бостон).
Јокиќ по четврти пат во кариерата успеа да се најде во првата петорка на НБА.
Да потсетиме, кошаркарите на Денвер се простија од шампионската титула, кои беа поразени од Минесота во полуфиналната серија од Западната конференција со резултат 4:3.