Комичарот и актер Бил Козби (85) веќе некое време се бори со обвинувањата за сексуална злоупотреба од различни жени, а сега уште девет го обвинија. Жените тврдат дека Козби ја искористил својата огромна моќ, слава и престиж за да направи жртви од нив.
Тие ја поднесоа тужбата во средата до Врховниот суд во Невада, а во него се вели дека биле дрогирани и злоупотребувани помеѓу 1979 и 1992 година во Лас Вегас, Рено и езерото Тахо. Местата што ги спомнаа жените биле нивните домови, соблекувални и хотели.
Една жена тврди дека Козби бил нејзиниот актерски ментор и ја убедувал да дојде во Невада од Њујорк. Потоа ја дрогирал и ја однел во хотелска соба каде и дал, како што тогаш и’рекол, безалкохолен напиток од јаболко а потоа ја силувал.
По новите тужби, Бил Козби моментално е обвинет за силување, сексуален напад и малтретирање на повеќе од 60 жени. Комичарот ги отфрли сите обвинувања.
На почетокот на оваа година, една од жените доби 500.000 долари откако го обвини Бил дека ја силувал во вилата на Плејбој кога имала само 16 години.
Инаку, Козби беше ослободен во 2021 година, откако помина две години во затвор. Имено, судот во Пенсилванија во средата ја укина пресудата на Бил Козби и нареди негово ослободување од затвор. во меѓувреме, поднесени се повеќе тужби против актерската екипа на легендарното шоу ,,Козби”.