У17: Македонските фудбалерки ремизираа со Црна Гора

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години одигра попладнево нерешено 3-3 со Црна Гора во првиот од двата пријателски натпревари на гостински терен  во подготовките за претстојните квалификации за пласман на Европското првенство (ЕП).

Натпреварот во гратчето Радановиќи изобилуваше со квалитетна игра и резултатски пресврти, а стрелци во македонскиот состав беа Васка Василева, Настасија Накова и Михаела Додевска. 

Вториот контролен дуел меѓу двете селекции во Радановиќи ќе се одигра во вторник.

Со контролните дуели против црногорската селекција, избраничките на селекторот Катерина Милеска ги почнаа завршните подготовки за настап на квалификацискиот турнир за ЕП, чиј домаќин од 5 до18 мај ќе биде Шведска.

Македонските фудбалерки се дел од квалификациската група А7 во која од 13 до 19 март ќе играат против домаќинот Полска и селекциите на Данска и Шкотска.