Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ги заврши подготовките за УЕФА квалификацискиот турнир од втората рунда во Б – Лигата на нации што утре стартува во Скопје.
Во рамките на групата Б1, младата селекција на Македонија ќе одигра три квалификациски натпревари против Израел, Грузија и Гибралтар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Македонските фудбалерки натпреварите ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Во првото коло македонските фудбалерки ќе играат против Грузија, утре од 13. часот. Во истиот термин три денови подоцна на програмата е второто коло против селекцијата на Гибралтар, а во завршното коло на 13 април избраничките на селекторот Астрит Мерко за противник ќе го имаат Израел.