– Во Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеака се одржа десеттата седница на Советот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион на која беше донесена Одлука за изнаоѓање на модел за управување и финансирање на првиот Регионален центар за згрижување на бездомни миленичиња и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион.
– На седницата присуствуваа директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и градоначалниците од деветте општини во Вардарскиот регион. Од страна на сите градоначалници, едногласно беше донесена Одлука за финансирање и утврдување на модел за функционирање на стационарот, што ќе биде финансиран регионално од сите општини и во вредност од 10.216.875 денари, информираа од Кабинетот на Јанчев.
Изградбата, која е финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада, се очекува да започне напролет, а со центарот ќе управува јавно претпријатие.
Ова е прв регионален центар на ниво на државата за згрижување на миленичиња и се очекува да придонесе кон надминување на проблемот со нив во иднина.