Американскиот производител на електрични автомобили Тесла во понеделникот го запре производството во фабриката Сом во близина на Берлин за помалку од две недели!
Според германските медиуми, производството е запрено поради доцнење на испораката на делови. Ова е директна последица на нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море, поради што бродарите генерално ги пренасочуваат бродовите од Суецкиот канал на многу подолг пат околу Африка.
– Недостигот на компоненти нè принуди да го прекинеме производството на возила во гигафабриката Берлин-Бранденбург од 29 јануари до 11 февруари, со исклучок на неколку области – објави американскиот гигант Тесла.
Фабриката со околу 11.500 работници започна со работа во март 2022 година.
Хутите, да потсетиме, напаѓаат бродови за кои претпоставуваат дека се поврзани со Израел. Приближно 10 отсто од светскиот поморски сообраќај минува низ Суецкиот канал, кој е најкратката рута меѓу Азија и Средоземното Море.