Обожавателите на Џенифер Лопез веруваат дека таа со еден потег потврдила дека е вистина дека се разведува од Бен Афлек.
Имено, таа лајкувала објава на Инстаграм во која пишувало дека не можете да изградите здрава врска со некој кој нема интегритет или емоционална сигурност, кој не го почитува вашето време, нема комуникациски вештини и не се почитува себеси.
Објавата беше споделена од Лена Марсак во март, а на Џенифер и се допадна вчера. Ова ја изненади Лена.
“Само што се најавив на Инстаграм и видов дека на Џенифер Лопез и се допадна мојата објава“, напиша таа.
За потсетување, извор за US Weekly изјави дека проблемите во нивниот брак започнале пред неколку месеци. Тој тврди дека Џенифер сега е целосно посветена на работата и се подготвува за снимање на „This is Me… Now: A Love Story“ во Орландо. Снимањето ќе започне следниот месец.
Покрај тоа, американските медиуми вчера објавија дека Бен веќе се иселил од нивниот заеднички дом. Последен пат тие двајца се појавија заедно во јавноста пред речиси два месеци.