Светската ѕвезда Тејлор Свифт мораше да откаже три концерти во Виена минатата недела поради терористички закани. Оттогаш, таа не објавила на социјалните мрежи ниту некој ја видел во јавноста.
Сепак, во понеделникот вечерта пејачката беше фотографирана пред еден клуб во Лондон каде приреди приватна забава за својот тим.
На Инстаграм профилот на Deuxmoi се појавија нејзини фотографии пред клубот каде позира во интересно издание.
Иако многумина беа среќни што конечно ја видоа својата омилена пејачка, илјадници разочарани обожаватели се јавија и го критикуваа фактот што таа се уште не ги објавила откажаните концерти и објавила нови датуми за нив. Некои коментираа дека веруваат дека пејачката „чека да заврши истрагата“ и дека само ги следела упатствата што и биле дадени. Меѓутоа, други не се согласија и ја споредија ситуацијата со концертот на пејачката Аријана Гранде во Манчестер во 2017 година, каде што се случи терористички напад.
„Аријана можеше да зборува за Манчестер истиот ден кога тоа се случи.
“Аријана веднаш ја коментираше ситуацијата. Тејлор не мора да зборува за потенцијалниот напад, но би можела да покаже емпатија за своите фанови во Виена. Да се прави забава со папараци е сатирично”, е друг коментар.
„Што е со 170.000 фанови кои потрошија пари на вашиот концерт во Виена? Ни збор?“, „Причи забава и нема објавено ништо за Виена? Не е во ред“, „Од суперѕвезда на годината до најголема разочарување на годината“, напишаа друго.
Да потсетиме, полицијата минатата недела објави дека уапсила неколку тинејџери во врска со наводни терористички закани во Виена. Главниот осомничен за планирање на нападот наводно имал намера со својот автомобил да втурне во толпата со цел да убие што повеќе луѓе. За нападот имале намера да употребат и експлозивни направи и ладно оружје.