Фантастичен гол на Арда Ѓулер! Погледнете што направи фудбалерот на Турција: Овој проектил едноставно не се брани! (видео)

Фудбалерите на Турција и Грузија го одиграа натпреварот од првото коло од групата Ф на Европското првенство во Германија.

Финалниот резултат беше 3:1, а вториот гол на турската селекција го постигна Арда Ѓулер и тоа на фантастичен начин.

Ѓулер извонредно ја повлече топката, влезе внатре од десното крило, потоа убаво се постави, шутираше и го погоди далечниот агол, а голманот Мамардашвили само ја зголеми оваа мајсторија со одлична парада.

Погледнете го ова мајсторство и самите: