Италијанскиот супермодел, 37-годишната Кристина Бучино, повторно се најде во центарот на вниманието, oткако беше поврзана со поранешниот српски фудбалер Александар Коларов, a исто така таа неодамна се најде во центарот на скандал во Германија.
Сопругата на Лукас Хернандез, како што веќе објавивме, ја прозва дека имала афера со сопругот и јавно и го остави. Освен Коларов и Ернандез, Кристина и самата откри дека го запознала и Кристијано Роналдо, кого го опишала како вистински џентлмен и додала дека знае да ја остави секоја жена „без здив“.
„Влегов во собата и таму беше Кристијано Роналдо. Се запознавме, погледите ни се сретнаа, а потоа како вистински господин ме покани на вечера. Тој е фантастичен човек. Кога познаваш личност, откриваш се останато. Кристијано е навистина дарежлив тип и вистински џентлмен кој знае како да остави жена без здив“, изјавила Кристина.