Според писмото на обвинителот, Хркаловиќ сменила пет различни прекари зад кои се криела додека ја користела апликацијата „Скај“ – се нарекувала Арона, Вила, Вилла, Најк и Рина.
Поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Србија, Дијана Хркаловиќ користела телефон со апликацијата „Скај“, криејќи се зад прекарите Арона, Вила, Вилла, Најк и Рина, списокот на корисници на оваа програма што го составил Обвинителството за организираниот криминал, пишува КРИК. Хркаловиќ е меѓу 77-те лица кои се осомничени дека биле дел од криминална група која извршила четири убиства, се вели во документот на обвинителот што бил подготвен во текот на истрагата на врачарскиот клан.
Оваа тајна апликација за комуникација ја користеле членови на многу криминални групи ширум светот. Во Србија беа покренати неколку големи случаи врз основа на пораките на „Скај“ беа уапсени членови на групата на Вељко Беливук, а против нарко босот Дарко Шариќ беше покренато ново обвинение.
Обвинителот за организиран криминал Младен Ненадиќ побара од Франција да му ги достави пораките „Скај“ на Дијана Хркаловиќ, поранешна секретарка во МУП и некогашното лице на борбата на Србија против мафијата. Ненадиќ ги праша Французите и за идентитетот на двајца влијателни луѓе од државата кои и помагале на мафијата – користеле телефони „Скај“ криејќи се зад прекарите Едо и Маркус. Според достапните информации, Едо работел во врвот на Министерството за полиција, а Маркус во разузнавачката агенција БИА.
Франција ја испрати бараната информација до Ненадиќ во октомври 2022 година, а како резултат на тоа беа уапсени близу 40 членови на кланот „Врачар“, истурена единица на Кавачкиот клан во Србија. Писмото од јуни 2022 година открива дека српското обвинителство најмалку една година знаело дека Хркаловиќ користи телефон „Скај“ , но досега ништо не е преземено за тоа.
Хркаловиќ, според писмото на обвинителот, сменила пет различни прекари зад кои се криела додека ја користела апликацијата „Скај“ – се нарекувала Арона, Вила, Вилла, Најк и Рина. Хркаловиќ, инаку, во еден краток период – од средината на јули до крајот на ноември 2019 година, официјално го смени името во Ника Рина.
Обвинителството во писмото тврди и дека Хркаловиќ, некогашната втора најмоќна личност во полицијата, е осомничена дека е членка на криминална група составена од дури 77 лица, но не прецизира која точно била нејзината улога. Според сомнежите на обвинителството, оваа група се занимавала со шверц на дрога, четири убиства и пет обиди за убиство. Покрај Хркаловиќ, меѓу осомничените се и шефот на црногорскиот кавачки клан Радоје Звицер, како и познатиот убиец од Босна и Херцеговина Дарко Елез, за кој претходно се знаеше дека бил во контакт со Хркаловиќ.
Обвинителството не одговори на прашањата на КРИК за што точно е осомничена Хркаловиќ, како и кој се крие зад прекарите Едо и Маркус. Само наведено е дека дел од пораките од Скај се користат во неколку постапки. Хркаловиќ никогаш не била обвинета за организиран криминал, ниту за учество во убиство. Но, таа се гони за полесни кривични дела. Таа беше обвинета за злоупотреба на положбата во полицијата на повеќе начини. Меѓу другото, дека ја саботирала истрагата против Вељко Беливук, соработник на Кавачкиот клан, за убиството извршено во центарот на Белград во 2017 година – во јавноста попознато како убиство на шини.
Хркаловиќ минатиот петок се појави на собирот на Вучиќ во Белград, „Србија на надежта“. Таа секогаш истакнуваше дека е лојална на претседателот на државата Александар Вучиќ.
– Гордa сум на него. Гордa што не води како претседател. Каков патриот, генијален лидер е тој. Не можете а да не му се восхитувате. Човекот на кој гледам буквално како сонце – изјави таа во јуни минатата година.