Во Рим е фатен избеганиот лав.
Властите успеале да го вратат лавот во локалниот циркус во близина на Рим кој со часови шетал и талкал по улиците на градот Ладиполи, а градоначалникот изразил надеж дека настанот ќе ја разбуди совеста и ќе стави крај на експлоатацијата на животните во циркусот.
Градоначалникот Алесандро Грандо, кој управува со градот со околу 40.000 жители, синоќа ги повика своите сограѓани да останат дома додека полицијата и персоналот на циркусот не го фатат побегнатиот лав.
На снимката која ја објавија италијанските медиуми, чија автентичност не можеше да ја потврди агенцијата АФП, може да се забележи возрасен лав како шета низ напуштени улици ноќе.
Лав фатен по пет часа
Во 22 часот и 30 минути, повеќе од пет часа по првата порака до граѓаните, Грандо на својата Фејсбук страница објави дека „лавот бил застрелан со седативна пушка и бил фатен“. „Сега за него ќе се грижи персоналот на циркусот“, додаде градоначалникот и им се заблагодари на итните служби и волонтерите за помошта „во часови на голема загриженост“.
Се надевам дека оваа епизода ќе ја разбуди совеста и дека конечно ќе ставиме крај на експлоатацијата на животните во циркусот“, напиша градоначалникот. Очекувајќи дека некои жители може да поднесат тужби, Грандо рече дека не го одобрува циркусот да дојде во градот, но исто така нема овластување да го спречи.