ФАТМИР МЕЏИТИ ОЧЕКУВА БРЗА ИСТРАГА – Министерот за здравство ја поздрави и поддржа акцијата на Клиниката за онкологија

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој денес даде поддршка за синоќешната акција на Обвинителството и полицијата на Клиниката за онкологија, очекува институциите брзо да се произнесат во однос на истрагата.

Како министер, силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи, кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместлива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата“, се наведува во пишаната изјава на Фатмир Меџити.

Врз основа на судска наредба, вчера беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во две приватни стана. Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, што ќе бидат предмет на анализа и вештачење.

Како што денеска информираа од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.

здравствоМакедонијаМВРФатмир Меџити