Турската актерска двојка Фахрије Евџен и Бурак Озчивит пред неколку дена станаа родители по втор пат. Се родил уште еден син, на кого му го дале името Керем.
Фахрије вчера го напуштила родилиштето и по тој повод кратко им се обратила на насобраните новинари.
– Пораѓањето помина добро. И јас и бебето сме добро.
Популарниот Бали бег открил дека присуствувал на породувањето, како и дека нивниот син Каран се радувал на малечкото братче.
– Реакциите на Каран се одлични. Тој едвај чека да го запознае својот брат. Да бидам искрен, тој не изненади сите. Дали присуствував на породувањето? Секако, ги пречекав и Каран и Керем, тоа е одлична работа. Јас сум благословен.
Да потсетиме, турската актерска двојка Бурак Озчивит и Фахрије Евџен се венчаа во 2016 година, а три години подоцна го добија синот Каран.