Фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „протеините“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот сој на Ковид за тестирање вакцини, но и дека создал мутации на вируси за тестирање на антивирусен лек против Ковид-19.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на корона вирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек.
Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите.
Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „шилестите протеини“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за тестирање вакцини, а исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.
„Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките“, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.
Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.