– Брисел нема да вети дека ќе го забрза процесот за приклучување на Украина кон Европската Унија на Самитот во Киев, на кој ќе се разговара за членството на Украина во ЕУ, пишува британскиот магазин Фајненшл тајмс.
Раководството на Европската Унија не треба да и дава лажни надежи на Украина дека ќе стане членка во наредните години, наведува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на изјавите на дипломатите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, пренесува ТАСС.
Според извори на кои се повикува Фајненшл тајмс, изјавите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и неговите колеги за потребата од што поскоро финализирање на пристапувањето на Украина доведоа до нереални очекувања во Киев.
„Тој јаз меѓу ветувањето и реалноста веќе некое време расте. И доаѓаме до точка каде што е премногу широко“, рече еден европски дипломат, цитиран од Фајненшл тајмс.
Друг вели дека „постои ризик од судир на реториката со реалноста“. – Нема да има брз пат за членство на Украина во ЕУ“, додаде тој.
-Земјите од ЕУ ќе се согласат дека Украина измина долг пат, постигнувајќи сериозен напредок во реформите, но нема да има ветувања за забрзано членство, изјави за ТАСС извор од европската делегација на Самитот.
Украинскиот премиер Денис Шмигал минатата недела изјави дека владата на земјата очекува да стане членка на ЕУ за помалку од две години по почетокот на пристапните преговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека преговорите за пристапување на Украина во ЕУ треба да започнат уште оваа година.
На 23 јуни 2022 година, шефовите на држави или влади на ЕУ одлучија на Украина и на Молдавија да им дадат статус на кандидати за членство во ЕУ.
Сè уште не е одредена временската рамка за почеток на пристапните преговори.