ФБИ одлучи да ја удвои својата мисија за регрутирање руски шпиони, поради што за првпат објави видео реклама. Крајната цел – да се најде руски шпион кој е подготвен да го предаде претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
ФБИ ги засили напорите во последните недели да регрутира Руси кои имаат пристап до доверливи информации, дознава ,,The Daily Beast”.
Во обид да собере повеќе разузнавачки информации за Москва, ФБИ од февруари спроведува операција на социјалните мрежи насочена кон Русите кои би можеле да бидат подготвени да шпионираат за администрацијата на Бајден.
Операцијата „лов на шпиони“ се заснова на промотивно видео на кое се прикажани потенцијалните правци што еден службеник на руската амбасада во Вашингтон би можел да ги помине низ градот за да стигне до ФБИ во зградата Едгар Хувер. Видеото, долго приближно две минути, содржи музика од Шопеновата „Nokturn br. 1″.
Видеото кружи на Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Гугл
Видеото кружи на Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Гугл, според рекламите и складиштата за реклами што ги одржуваат платформите на социјалните медиуми. Извор запознаен со ова прашање рече дека рекламите на Гугл се појавуваат и на ЈуТјуб.
Видеото завршува со порака од Алан Колер, од одделот за контраразузнавање на ФБИ, кој ги повикува Русите да излезат. Тоа е единствениот дел од огласот на англиски, но со руски преводи.
„Со нетрпение очекувам да изградам посветла иднина со вас. Дали сакате да ја промените вашата иднина? ФБИ ве цени. ФБИ може да помогне. Но, само вие имате моќ да го направите првиот потег” – вели Колер.
Операцијата има за цел да постави визија за потенцијалните информатори за тоа како можат безбедно да ги пренесат руските владини тајни на Соединетите држави, изјави за ,,The Daily Beast” извор запознаен со операцијата.
Кампањата конкретно е насочена кон Русите кои имаат пристап до доверливи информации, според еден опис на видеото до кое дошле од The Daily Beast.
„ФБИ ги повикува руските функционери со тајни или доверливи информации на соработка“, се наведува во текстот што го содржи една од рекламите.
,,Дали сакате да ја промените вашата иднина? Контактирајте со ФБИ преку „Сигнал“.
Не е прв обид, но е прв од ваков тип
Тоа е само последен обид на ФБИ да ја искористи моќта на социјалните мрежи за да регрутира руски шпиони. Минатата година, ФБИ објави други реклами на социјалните мрежи насочени кон областа околу руската амбасада во Вашингтон, во обид да регрутира руски информатори. Операцијата беше наженета да се регрутираат Руси кои не го одобруваа однесувањето на Владимир Путин во војната во Украина, исто како што се разгоре домашното несогласување околу инвазијата. ФБИ го темпираше објавувањето на видео-рекламата на годишнината од инвазијата на Путин на Украина. Претходните реклами користеа слики и текст за да се обидат да ги убедат потенцијалните руски предавници да споделат информации со САД.
Една реклама за канцеларијата на ФБИ во Бостон, која беше објавена од јули до септември минатата година, гласеше:
„Информациите што јавноста ги дава на ФБИ се најефективната алатка за справување со заканите“, заедно со слика на рускиот претседател Владимир Путин.
Ова е првпат ФБИ да се потпре на видео на социјалните мрежи за да се обиде да регрутира руски средства, според познат извор.