Кевин Митник, кој некогаш беше најголемиот проблем за администраторите на компјутерските системи во САД, а подоцна стана почитуван експерт за сајбер безбедност, почина по долга борба со ракот на панкреасот на 59-годишна возраст, објави денес BBC.
Кевин Митник беше еден од првите хакери што влезе во судир со законот. Роден е на 6. август 1963 година во Ван Најс, предградие на Лос Анџелес и уште од детството покажувал голем интерес за технологијата и компјутерите и бил еден од првите хакери кои стекнале меѓународна слава.
Тој бил уапсен во 1995 година по двегодишна потера од страна на ФБИ, а федералните власти го обвиниле за серија хакерски активности, вклучително и нелегален пристап до воени и корпоративни мрежи.
Кевин Митник бил обвинет и за кражба на тајни податоци од компјутерите на поголем број фирми со што им нанел голема материјална штета и за тоа е осуден на пет години затвор.
Иако првично негирал сè, на крајот се изјаснил за виновен по седум точки од обвинението, кои му забраниле да користи компјутер, мобилен телефон или кој било уред што може да се поврзе на Интернет во период од осум години.
Со укинувањето на мерката во 2003 година, тој ја основал консултантската фирма за сајбер безбедност „Митник секјурити консалтинг“, која неговите вештини за упад во компјутерските системи ги стави на правна страна.
Тој бил признат експерт за сајбер безбедност и автор на неколку книги за хакирање и компјутерска безбедност.
Прв пат за него во јавноста се дозна во 1979 година, кога тој „хакираше“ системот „Дигитална корпорација за опрема“ (DEK) со тоа што му се јавил на администраторот и го убедил дека е еден од менаџерите на кои системот не им дозволува пристап.
Администраторот веднаш му креирал профил и му дал лозинка која Кевин Митник ја споделил со колегите хакери кои го предизвикале да упадне во DEK. Тој бил обвинет за отштета од 160.000 долари.
Кевин Митник често е цитиран за хакирање и безбедност, а една од неговите најпознати изјави е: „Само затоа што не можете да видите нешто, не значи дека тоа не може да ве убие“.
Тој почина од рак на панкреасот, со кој се борел во последните 14 месеци.