„Берлин подготвува нов закон за построга контрола на оружјето, со кој ќе биде предвидено потенцијалните сопственици да бидат подложени на тест за психолошка способност“, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, по смртоносното пукање во салата на Јеховините сведоци во Хамбург.
Таа истакна дека пукањата во последно време укажуваат на потребата од нов закон.
Германската полиција денеска соопшти дека во пукотницата синоќа во верскиот центар на Јеховините сведоци во Хамбург загинале осум лица, а некои се тешко повредени.
„После тоа, вооружениот напаѓач, кој уби седум лица, изврши самоубиство пред споменатиот центар“, изјави денеска сенаторот за внатрешни работи на Хамбург, Енди Гроте.
„Брзата полициска реакција спречи уште поголема трагедија“, истакна Гроте, додавајќи дека напаѓачот дејствувал сам.
Германскиот државен обвинител изјави дека напаѓачот е германски државјанин и имал дозвола за носење пиштол.
Меѓу жртвите се четворица мажи, две жени и седуммесечно неродено бебе.